Легендарниот кантавтор од БиХ Дино Мерлин со сопругата Амела е снимен додека шетаат во Сараево.
Двојката беше во опуштен стил. Мерлин беше облечен во портокалова јакна и беж панталони, а на главата имаше црна капа. Во лежерното издание беше и неговата сопруга.
Тие се снимени пред трговскиот центар Импортане во Сараево. Инаку, неговата сопруга не сака да се експонира и ретко ја гледаме во јавност.
Мерлин често изјавува колку е среќен со сопругата Амела и дека ја сака од својата 17-та година. Во една прилика откри дека меѓу него и Амела се родила љубов на прв поглед. Добро позната шега е дека мажите често забораваат на важни состаноци, но тоа не е точно во случајот на пејачот. Се сеќава дека се заљубил во Амела на 8 август 1979 година.
Иако неколкупати изјави дека нејзините родители не ја поддржуваат нивната љубов, тие се во хармоничен брак повеќе од четири децении, а неговата сопруга Амела е негов најголем поддржувач.