ФОТО | ЕВГЕНИЈ ПРИГОЖИН СЛОБОДНО СЕ ШЕТА ВО РУСИЈА! ‘Готвачот’ на Владимир Путин во Санкт Петербург на Самитот Русија-Африка: Дали ова е нова порака за Западот !?

Евгениј Пригожин, основач на приватната воена група Вагнер, денес е забележан на маргините на самитот Русија-Африка во Санкт Петербург, каде што остварил повеќе средби со африкански претставници.

Ова го објави репортер на CNN, а еминентниот весник Politico нагласува дека водачот на минатомесечниот неуспешен бунт против Кремљ бил фотографиран на состанокот што го организирал рускиот претседател Владимир Путин, кој денес ветил до 50.000 тони бесплатно жито за шест африкански земји.

Две фотографии од дводневниот самит, кој беше отворен денес, наводно се објавени на социјалните мрежи.

На фотографиите е прикажан Евгениј Пригожин во бела маица и тексас панталони, како се смешка додека се ракува со службениците од Африка кои пристигнале во родниот град на Владимир Путин.

Politico наведува дека првата фотографија објавена на социјалната мрежа Фејсбук ја објавил асистентот на Евгениј Пригожин кој живее во Африка.

Евгениј Пригожин и Фаустин Туадера

Според организацијата која ги следи активностите на Вагнер, човекот во одело со кој Евгениј Пригожин се ракува на фотографијата е Фаустин Туадера, претседателот на Централноафриканската Република.

Politico потсетува дека минатата недела стотици членови на Вагнер, според информациите на централноафриканските медиуми, пристигнале во таа земја во пресрет на референдумот за укинување на ограничувањето на бројот на претседателски мандати, што му овозможува на Фаустин Туадера да се кандидира за нов мандат.

Наведено е дека на втората фотографија Евгениј Пригожин, облечен на ист начин, се ракува со лице кое е претставено како директор на африканските медиуми.

Погледнете ја втората фотографија ОВДЕ.

Евгениј Пригожин продолжува да ги зајакнува позициите и влијанието на Русија и Вагнер во Африка. Доказ за тоа е државниот удар во Нигер“, наведуваат некои руски медиуми.

Politico наведува дека воениот удар во Нигер се заканува да го дестабилизира еден од последните западни сојузници во африканскиот регион Сахел, но исто така додава дека главните профили на социјалната мрежа Телеграм што вообичаено ги користи Евгениј Пригожин не го рекламирале овој удар.