ФОТО | Еве колку чини фустанот на Јелена Карлеуша поради кој Миломир Мариќ ја прекина емисијата: Тоа е дело на познат бренд и претставува вистински луксуз
Фолк-дивата Јелена Карлеуша гостуваше во емисијата „Хит твит“ со Драган Ј. Вучиќевиќ, главен уредник на медиумот и Миломир Мариќ, главен уредник на српската телевизија Happy.
Јелена Карлеуша веднаш привлече големо внимание со фустанот на светски популарен бренд, но и поради тоа што дојде цела во црно.
Црниот, проѕирен, чипкаст фустан ги воодушеви сите, но сите забележаа дека стајлингот на Јелена Карлеуша е дело на светски познатите дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана.
Она што привлече уште поголемо внимание е цената на фустанот, која на сајтот Dolce and Gabana изнесува 1.450 евра.
Специфично е и тоа што Миломир Мариќ во еден момент ја прекина за да зборува за фустанот на Џеј-Кеј.