ВИЛ СМИТ КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ ОКОЛУ ДРАМАТА ЗА НЕГОВИОТ БРАК – Сите го чекаа неговиот одговор по објавените ‘бомби’ од неговата сопруга

Познатиот актер Вил Смит вели дека „бомбите“ за вистината, или мемоарите на Џејда Пинкет Смит, некако го разбудиле и го натерале да сфати дека неговата отуѓена сопруга е поотпорна, попаметна и посочувствителна отколку што мислел.

Актерот во е-пошта призна дека развил „емоционално слепило“ за нејзините скриени нијанси откако Џејда Пинкет Смит му откри на светот дека парот живее целосно одвоени животи од 2016 година.

Високопрофилната холивудска двојка се венчаше во 1997 година и има две деца, а во минатото се зборуваше за разделба и брачните проблеми, но Џејда Пинкет Смит во интервју откри како парот во суштина се развел без документи.

New York Times пишува дека нејзините новите мемоари на Џејда Пинкет Смит некако го разбудиле Вил Смит.

Вил Смит во е-пошта до медиумите напишал:

Кога сте со некого повеќе од половина од вашиот живот, настанува еден вид емоционално слепило и лесно можете да ја изгубите чувствителноста на неговите скриени нијанси и суптилни убавини“.

Мемоарите на Џејда Пинкет Смит излегуваат следната недела, а многумина тврдат дека ова откривање на вистината им наштетило на Вил и Џејда, како и на нивната репутација во Холивуд.