ФОТО | Една од најпознатите манекенки на 50-години се соблече целосно гола и ги остави без зборови обожавателите
Познатата манекенка Хајди Клум е позната по своите оригинални забави, но пред се по своите костими за „Ноќта на вештерките“, а оваа година своите обожаватели ги почести со специјална најава.
Лежеше целосно гола на бушава, розова софа, ги покри градите со рацете и во описот на фотографијата што ја сподели на социјалната мрежа Инстаграм напиша:
„Примирје пред бура. Само три дена до ‘Ноќта на вештерките‘ на Хајди Клум. Моето мото за овогодинешниот ‘Ноќ на вештерките‘ е – се или ништо“.
Експлицитната фотографија на Хајди Клум можете да ја погледнете ОВДЕ.
50-годишната убавица навести дека е подготвена за нешто големо за време на гостувањето во „The Tonight Show“ на Џими Фалон во петокот вечерта.
„Тоа ќе биде нешто големо и ќе морам да затворам неколку улици овде на Менхетен, што, ќе биде навистина тешко да се направи“, најави мистериозната манекенка.
Да потсетиме, минатата година Хајди Клум ги шокираше обожавателите кога се појави во огромен костим на дождовен црв. Таа ги организира своите забави за „Ноќта на вештерките“ од 2000 година, а нејзините костими се секогаш многу оригинални.