ФОТО | Една од најубавите жени во светот си ја отвори душата по рехабилитацијата: “Кога ги видов тие застрашувачки фотографии, сфатив дека ќе умрам!“

Една од најубавите жени во светот, Кара Делевинге, си ја отвори душата за борбата против наркотиците и алкохолот и нејзиното патување до трезвеноста, велејќи дека секоја секунда од процесот на одвикнување од лошите навики траела цела вечност.

Во интервју за магазинот Elle, супермоделот кажала дека сега е по „стабилна“ и „помирна“ откако не консумира алкохол. Кара Делевинге, исто така, започнала со рехабилитација поради проблемите со злоупотреба на супстанции минатата година, откако призна дека фотографиите на папарацо-новинарите од нејзиното чудно однесување на еден аеродром и служеле како „повик за будење“.

Не беше лесно, но никогаш не кажав дека оваа рехабилитација не вреди за резултатите“ изјавила таа за магазинот и додала: „Вредеше секоја секунда. Стабилна сум, посмирена…“.

Манекенката признала и дека зборувањето за нејзините тешкотии симнало огромен товар од нејзините раменици.

Долго време се чувствував како да кријам многу од луѓето кои гледаа кон мене. Конечно се чувствувам како да можам да бидам слободна целосно“, додала таа. 

Во април, оваа популарна 30-годишна девојка зборуваше за Vogue за нејзините проблеми со злоупотреба на супстанции и нејзиниот нов пат кон трезвеноста, пишува Page Six.

Таа дополнително го опишала својот период на рехабилитација, велејќи дека била „вратена во реалноста“ кога ги видела застрашувачките фотографии од себе кои кружеа на Интернет. Иако признала дека земањето дрога прави да се чувствува „непобедливо“, манекенката додала дека нејзиното однесување станало „диво“.

слика
Кара Делевинге

Тоа е страшна работа за луѓето околу тебе“, изјавила тогаш таа и нагласила дека во тој момент имало многу нејзини блиски луѓе кои биле многу загрижени за неа.

Откако јавноста, но и таа сама ги погледнала своите фотографии од аеродромот, ѕвездата сфатила дека или ќе „заврши мртва“ или ќе направи нешто „многу глупаво“ доколку не се лекува.

слика
Кара Делевинге