ФОТО | Една од најубавите фудбалерки во светот се појави на страниците за возрасни и ги ‘заслепи’ обожавателите со нејзиното оскудно издание

Алиша Леман, членка на швајцарската женска фудбалска репрезентација, е позната како една од најубавите фудбалерки во светот. 

Оваа 24-годишна напаѓачка на англиската Астон Вила го привлече вниманието со своите настапи на неодамна завршеното Светско првенство кое се одржа во Австралија и Нов Зеланд.

Алиша Леман неодамна отвори своја страница каде што продава свои фотографии. На социјалната мрежа Инстаграм ја следат преку 15 милиони луѓе, така што нема да и биде проблем да има публика која ќе ги консумира нејзините содржини. Во таа насока, таа веќе направи календар за следната година, во кој има и некои нејзини фотографии од поинтимен карактер, а објавата за календарот можете да ја погледнете ОВДЕ.

Нејзината годишна плата во Астон Вила е околу 200.000 евра, а како што дознаваат англиските медиуми, таа прифатила понуда од една од компаниите кои објавуваат фотографии на сајтови за возрасни, со кои ќе соработува во иднина.