ФОТО | Екипите на ЈП “Комунална хигиена“- Скопје со засилени активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад во Град Скопје
Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во втората и во третата смена спроведувале засилени активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад во сите скопски општини.
Од јавното комунално претпријатите информираат дека континуирано се расчистуваа и повеќе обемни диви депонии лоцирани на улиците „Џон Кенеди“, „Благоја Паровиќ“ и „Методија Митевски“ во општина Чаир, како и на улицата „Прашка“ во општина Карпош.
Посочуваат дека биле спроведени активности за одржување на хигиената на јавните и на сообраќајните површини со коишто биле опфатени и централното градско подрачје, кејот „13 Ноември“ и Старата скопска чаршија.
Од јавното комуналното претпријатите најавуваат дека екипите на претпријатието и во текот на денешниот ден ќе продолжат со засилена динамика да го подигнуваат комуналниот отпад од поставените контејнери и кантите во индивидуалните домаќинства на територијата на Градот Скопје.