ФОТО | Есма Реџепова посвои 47 момчиња и само едно девојче: Еве како изгледа денес и што прави нејзината единствена наследничка
Легендарната Есма Реџепова се прослави благодарение на гласот што го немаше ниту една жена на овие простори. Покрај музиката, многумина ја паметат и по тоа што е жена со големо срце.
Есма немала биолошки деца, но животот го посветила на децата што ги посвоила. Меѓу нив имало дури 47 момчиња и само едно девојче. Пет години пред смртта, Емса реши да ја посвои Елеонора Мустафовска, која поради цртите на лицето непогрешливо потсетуваат на Есма.
Љубовта меѓу нив се роди од првиот момент кога се видоа, а пејачката од првиот ден ги имаше само најубавите зборови за Елеонора.
– Одлично се согласуваме, исто како мајка и ќерка. Сфатив дека во подоцнежните години е подобро да имаш женско дете со тебе отколку машко и не згрешив. Елеонора студирала на Универзитетот во Скопје. Следната година ќе дипломира соло пеење, а веќе три години е член на бендот што ме придружува – раскажала Есма.
По завршувањето на училиштето, Елеонора почна да гради музичка кариера и пред неколку години на публиката и се претстави под уметничкото име „Малиша“.
Младата пејачка не криеше дека смртта на нејзината мајка многу тешко ја погодила:
— Нејзиното заминување ме растажи до болка, ми требаше долго време да почнам да живеам нормално и да продолжам понатаму. Сè уште верувам дека таа ме чува од небо и дека е среќна што тргнав по нејзините стапки – изјави своевремено.
Елеонора и денес успешно се занимава со музика и го негува споменот на Есма, која и беше пример и поддржувач. Иако не се појавува често во јавноста, според фотографиите од социјалните мрежи, јасно е дека порасна во убава млада жена.