(ФОТО) ЖЕНАТА НА ОГЊЕН АМИЏИЌ САМО ВО ДОЛНА ОБЛЕКА – “Пукна” селфи во бањата во хотелска соба, фановите останаа со “подзината уста”
Сопругата на водителот Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ се породи пред три месеци и на свет донесе син на кој му дадоа име Перун.
Сега Мина на својот Инстаграм профил направи селфи во бањата од хотелската соба и покажа како изгледа.
Имено, Мина се сликала во долна облека, нејзините бујни гради биле во преден план, а сите и велат дека изгледа како никогаш да не се породила.
„Ај, што ни правиш“, „Колку добро изгледаш“, „Како никогаш да не си родила“, се само дел од коментарите.
Мина го сними водителот како ужива во ноќното капење, а во базенот го придружуваше неговиот постар син Матија, кој го има од бракот со манекенката Даниела Димитровска.
Да потсетиме, откако доби уште еден наследник, Огњен во големото интервју за „Блиц“ искрено проговори за своите синови.
– Кога станува збор за важни работи, деца, секогаш имам стравови. Важно е само да е здрав и се да е во ред. Мина е поинаков тип. Лесно поднесува сè, брзо си го знае патот. Таа ми го олеснува животот и тоа е совршено – призна за „Блиц“ Огњен, додавајќи дека едвај чека неговиот постар син Матија да го запознае неговиот брат.
-Едвај чекам Матија да го запознае својот помал брат, мислам дека и тој не може да чека. Природата е чудо, мислам дека ќе биде посебно штом се видат – изјави тогаш.