ФОТО | Жената (74 г.) за која сите тврдат дека не може да остари откри што јаде и како останува млада: “Ја нарачувам оваа храна секој ден!“

Вера Ванг, за која многумина велат дека ја открила „фонтаната на младоста“, тврди дека не ја исфрлила брзата храна и водката од својата исхрана.

Јадам во McDonald’s, апсолутно“, изјавила модната дизајнерка за Page Six во Њујорк.

Јадам хамбургери секој ден, околу две недели. А потоа го менувам начинот на исхрана“, рекла таа и додала дека McDonald’s не е единствениот синџир за брза храна што и се допаѓа. 

Оваа 74-годишна жена, како што тврди таа, ужива и во задоволствата на Dunkin’ Donuts (синџир за брза храна и пијалоци).

Сакам крофни полнети со крем и шеќер“, рекла таа и додала: „Тоа е како крофна од желе, но со крем од ванила внатре. Ми се допаѓа и розевата со дамки“.

слика
Вера Ванг

Да потсетиме дека во 2020 година оваа модна икона стана вирална поради вечно младешкиот изглед откако објави фотографии на кои тогаш имаше 70 години и носеше портокалов спортски градник и тексас шорц.

Девојката штотуку ја откажа претплатата против стареење“, коментираше тогаш едно лице на социјалните мрежи, додека други се пошегуваа дека таа „пие крв од еднорог“ и на тој начин го одржува својот младешки изглед.

Вера Ванг вели дека го задржува својот младешки изглед бидејќи напорно работи на себе.

Во суштина, работев цел живот, па всушност работата е виновна за тоа“, вели Вера Ванг и истакнува дека смета дека работата го одржува поединецот млад и стимулиран.

Работам многу, одгледав две ќерки. Мислам дека да се биде зафатен е најдобриот противотров за добро здравје“, заклучила таа.

Да потсетиме, Вера Ванг на 23 години стана најмладата модна уредничка и стилистка на магазинот Vouge дотогаш, а таа функција ја извршуваше 16 години, по што замина на позицијата главен дизајнер на модната куќа Ralph Lauren. Таа ја отвори првата продавница на својот бренд на авенијата „Медисон“ во 1990 година и стана една од најпознатите дизајнери на венчаници во светот.

Таа денес под нејзиниот бренд произведува секојдневна облека, обувки, модни додатоци, па дури и прибор за јадење, а ја објави и книгата „Vera Wang on Weddings“.