ФОТО | Забележан редок природен феномен над небото во Хрватска: Погледнете го ова ‘чудо’ кое го споделуваат жителите на Сплит на социјалните мрежи

Невреме денес го зафати Сплит и околината. Повеќе пијавици се забележани на небото. По вчерашните пијавици забележани во регионот на Ровињ и Крес, денес овој редок природен феномен се појави на во близина на Чиово во Хрватска, пишуваат тамошните медиуми.

Многу жители објавија фотографии од денешната пијавица на социјалната мрежа Фејсбук, а истите се најдоа и на хрватските веб-портали.

слика

Радарската фотографија на Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска (ДХМЗ) соопшти дека облакот над Сплит бил висок дури 12 километри. Облакот бил од локален карактер бидејќи до 13 часот во западниот дел на Сплит наврнало 35 литри дожд, а во исто време ниту капка дожд не паднало на источниот дел од градот.