ФОТО | Заработи милиони во кариерата, а денес никој не го сака – убива мечки и се радува на смртта на животните, а со тоа од омилен спортист во САД стана ‘најомразен’

Познатиот НФЛ играч Карсон Венц на социјалните мрежи се пофали дека убил мечка, но неговиот потег само предизвика гнев во јавноста.

Американскиот спортист објави фотографија на која позира со самострел, a во рацете го држи трупот на црната мечка што ја убил на Алјаска.

Карсон Венц ја нарече мечката „неверојатно животно“, а неговата објава предизвика бројни, главно негативни реакции кај љубителите на животни.

Имав можност да забележам и да фатам црна мечка на едно од нашите нови омилени места на земјата, Алјаска. Неверојатно патување и неверојатно животно“, напиша Американецот во описот на објавата на социјалната мрежа Инстаграм.

Иако е легално да се ловат животни во Алјаска, тоа не ги спречи љубителите на животни да плукаат по Карсон Венц.

Да бевте прецизни во додавањето на топката како што сте со самострел, денес немаше да останете без титула“, гласеше еден од коментарите под објавата.

Карсон Венц играше за Филаделфија Иглс од 2016 до 2020 година, а потоа мина време со Индијанаполис Колтс и Вашингтон Команданси. Моментално нема клуб, па замена за спортот пронајдел во ловот.