ГЛУМЕЦ ЗАВЕДЕ 21 ГОДИНА ПОМЛАДА СТУДЕНТКА! Беше нејзин професор на универзитетот, а потоа се разгоре љубовта: „Нашата приказна не е за јавноста“

Популарниот актер Бранимир Поповиќ отсекогаш бил миленик на жените во Србија, а срцето му го украде 21 година помлада колешка .

Бранимир ја запознал Сања Јовиќевиќ Поповиќ кога тој ѝ одржал предавање на Факултетот за драмски уметности во Цетиње . Таа тогаш беше убава студентка, а тој и беше професор. Сепак, ништо не се случило меѓу нив до 2012 година.

Бранимир Поповиќ

Таа година актерската двојка се најде на снимањето на серијата Budva na pjenu od mora каде Сања ја играше ќерката на Сава Бачиќ, лик што го оживеа Мима Караџиќ. Тогаш медиумите пишуваа дека меѓу нив има искри, но дека поради разликата во години размислувале дали е паметно да стапат во врска.

Сепак, љубовта победи со текот на годините, па во 2013 година и го кажаа судбоносното „да“ на Јахорина и ја добија ќерката Софија .

Бранимир и Сања ретко се гледаат во јавноста, а самиот актер не сакаше да зборува за нивната врска , а пред неколку години објасни и зошто:

– Ние двајца сме приказна која не сакам да ја споделам со јавноста за мој и нејзин личен мир.