ФОТО | Зачекорете во кралската палата на Рафаел Надал: Тенисерот има приватна плажа, пештера, ретки медитерански растенија, а еве колку чини овој луксуз

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Рафаел Надал, ова лето го користи за одмор и закрепнување од повредата. Шпанскиот ас неодамна беше и на крстарење по медитеранскиот брег.

Легендарниот Рафаел Надал максимално ужива во сонцето, морето и топлото време…

Рафаел Надал има можност да ужива во ова во текот на целата година, со оглед на тоа што ја избра Мајорка за своја база.

Кога ќе ја погледнете прекрасната резиденција на семејството на Рафаел Надал во Порто Кристо, Мајорка, се добива впечаток дека подобро место не можело да се избере.

Рафаел Надал
Мајорка

Рафаел Надал ја купил оваа луксузна вила во 2013 година, а за неа наводно потрошил четири милиони евра.

Вилата има совршена локација, се наоѓа на област која од три страни има поглед кон море, има пристап до сопствена плажа каде има и пештера, но и неверојатна градина како од рајот, која е украсени со четинари и многу медитерански растенија.