ВИДЕО | КАКВО ШОУ НА ВЛАДИМИР ПУТИН! Претседателот на Зимбабве покрај бесплатното жито доби на подарок и хеликоптер: “Земјите под санкции мора да соработуват!“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, му подари хеликоптер на Емерсон Мнангагва, претседател на Зимбабве, соопшти денес Владата на земјата.

Емерсон Мнангагва е меѓу африканските функционери кои учествуваат на дводневниот самит Русија-Африка во Санкт Петербург, што, според AFP, се смета за тест за поддршка на Владимир Путин по руската инвазија на Украина.

Неговата екселенција, претседателот Владимир Путин му подари претседателски хеликоптер на неговата екселенција, претседателот Емерсон Дамбуџо Мнангагва“, соопшти Министерството за информации на Зимбабве преку социјалните мрежи.

Самит, самит Русија-Африка, хеликоптер, подарок
Подарокот од Владимир Путин за Емерсон Мнангагва

Објавена е и фотографија од претседателот Емерсон Мнангагва како седи во кабината и се спушта по скалите на авионот.

Таа птица наскоро ќе се најде на нашето небо“, стои во описот на објавата на социјалната мрежа Твитер од портпаролот на тамошната Влада во Хараре.

Лидерите на Зимбабве се под американски и европски санкции поради корупција и кршење на човековите права.

80-годишниот Емерсон Мнангагва, кој бара реизбор на изборите следниот месец, долго време ги припишува економските проблеми на земјата на санкциите. Според аналитичарите, изборите ќе бидат многу неизвесни.

Жртвите на санкциите треба да соработуваат“, рекол Емерсон Мнангагва стоејќи пред хеликоптерот, во видеото објавено на социјалните мрежи.

Владимир Путин го назначи Зимбабве меѓу шесте африкански земји кои ќе добијат бесплатно жито од Русија, откако Кремљ се повлече од договорот со кој се дозволува украинско жито да се извезува преку Црното Море.

Претседателот на Русија претходно денеска на пленарната седница на самитот Русија-Африка кажа дека Москва внимателно ги разгледува африканските предлози за изнаоѓање решение за вооружениот конфликт во Украина.