Меси повторно на удар! Навивачите бесни на Аргентинецот: Бараат враќање на парите, а Лео се правда дека не е виновен!

Низа навреди и разни пцовки се слеваат на сметката на Лео Меси, познатиот аргентински фудбалер и член на Мајами.

Лео Меси

Причината е што во Хонг Конг не одигра ниту една минута за својот клуб на натпреварот против домашната екипа. Десетици илјади луѓе разочарани го напуштија стадионот, а милиони на социјалните мрежи го критикуваа најдобриот играч на Светското првенство во Катар.

Свесен дека разочара огромен број луѓе, Лео Меси изјави дека се надева дека ќе игра пред публика во среда во Токио.

Интересно, Лео Меси беше договорно обврзан да одигра најмалку едно полувреме во Хонг Конг. Сепак, лекарите на Мајами му забранија на Аргентинецот да излезе на терен поради проблем со коленото, па тој остана на клупата.

Мајами победи со 4-1, но натпреварот остана во сенка на свирежите на навивачите и повиците за враќање на парите. Гледачите скандираа „го сакаме Меси“ и „вратете ни ги парите“.

Владата на Хонг Конг издаде соопштение во кое вели дека организаторите на натпреварот Татлер Азија би можеле да се соочат со намалување на финансирањето откако Лео Меси беше клупата.

Зборувајќи за медиумите за првпат откако тимот и нивниот косопственик Дејвид Бекам беа исвиркани, Лео Меси истакна дека е „разочарувачки“ што не може да игра, наведувајќи го отокот на мускулите како причина.

– Во Хонг Конг имавме отворен тренинг и излегов бидејќи имаше многу гужва и имаше многу деца. Сакав да бидам таму – рече 36-годишниот Аргентинец на прес-конференција во хотел во Токио и продолжи:

– Но, вистината е дека проблемот сè уште беше присутен и ми беше многу тешко да играм. Можам да разберам дека луѓето со нетрпение меќ очекуваа и се надевам дека повторно ќе имам можност да дојдам и да играм во Хонг Конг .

Меси истакна дека се надева дека ќе игра на пријателски натпревар против шампионот во Џеј-лигата, Висел Кобе во среда.

– Не знам за утре, треба да видиме како ќе биде на тренинг денеска. Сè уште не знаеме дали ќе можам или не. Се чувствувам многу подобро отколку пред неколку дена и многу сакам да играм – изјави Аргентинецот.