Експертите тврдат: Ова се работи од детството кои децата вечно ќе ги паметат

Родителите често се прашуваат дали на своите деца им посветуваат доволно љубов и внимание. Психолозите објаснуваат како дури и навидум наједноставните работи што родителите ги прават со своите деца се токму спомените од детството кои тие најмногу ги паметат.

Приказни пред спиење

Истражувањата покажуваат дека читањето приказна пред спиење ја доближува врската помеѓу детето и родителот. Тоа посебно, пријатно време на крајот од денот пред детето да заспие е одличен начин за поврзување, но и нешто што детето најчесто го памети од своето детство.

Слушање на детето

Иако често знаеме да му кажеме на детето дека во моментот немаме време или дека сме зафатени со одредени обврски, ако им обрнеме внимание на децата кога знаеме дека треба, психолозите не уверуваат дека можеме да бидеме сигурни дека еден ден ќе размислуваат за своето детство и ќе се сетат како нивните родители секогаш биле тука за нив. Исто така, понекогаш децата не прекинуваат затоа што сакаат да го привлечат нашето внимание, а не затоа што секогаш им треба нешто од нас или имаат нешто посебно да ни кажат.

Разгалување

Ако погледнете наназад на вашето детство и почувствувате љубов и среќа, големи се шансите тоа да било исполнето со љубовта на вашите родители. Имено, гушкањата и прегратките не се само симбол на љубов, туку и на поддршка и заштита. Психолозите советуваат дека треба што почесто да ги гушкаме нашите деца бидејќи така тие ќе се чувствуваат безбедно, сакано и ценето, а и самите еден ден ќе станат љубовни родители.

Заеднички оброци

Додека времето за вечера може да биде стресно кога децата се уште се мали и немирни, со текот на времето овие моменти ќе станат нешто што ќе го паметат во иднина. Имено, психолозите објаснуваат како седењето заедно на маса и споделувањето на оброк, дури и ако тоа се случува само за време на викендите, им станува некои од омилените детски спомени на децата.