МОМЕНТОТ КОЈ СИТЕ ГИ ИСПЛАШИ: Лекарите МУ МЕРЕА ПУЛС НА Новак, Србинот се држеше за глава! Сите мислеа дека е готово а потоа го доби ОВА

Ноле беше на прагот да се откаже во вториот сет…

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Синсинати, откако во епското финале по чудесен пресврт успеа да го совлада младиот Шпанец Карлос Алкараз со 5:7, 7:6 (7), 7:6 (4). .

Во вториот сет на Новак му се слоши на теренот поради преголема топлина и сите мислеа дека ќе се откаже, но Србинот не сакаше да се предаде. Се издигна од пепелта како феникс, направи пресврт за паметење и заслужено го подигна трофејот.

Условите за игра беа исклучително тешки и веќе на крајот од првиот сет беше очигледно дека Новак губи енергија. Кога Алкараз направи брејк за водство од 2:1 во третиот гем од вториот сет, се чинеше дека мечот е завршен. Новак изгледаше многу лошо, побара лекарска помош поради слабост. Лекарите му го измериле пулсот, а неофицијално го советувале да размисли за откажување од мечот. Но, тоа не се случи. Ноле ги зел лековите и решил да го продолжи натпреварот.

Тој во продолжението од мечот успеа да му го одземе сервисот на Шпанецот и да го внесе сетот во тај-брејк. Во драматичната завршница од вториот сет ја спаси и меч топката и по неверојатна борба стигна до израмнување. Тој не се предаде во третиот сет, во кој исто така имаше исцрпувачка борба. Ноле повторно славеше по тај-брејкот и сосема заслужено стигна до 39. Мастерс титула во кариерата.