Почина легендарниот фудбалер на Бетис – клубот објави ТРАГИЧНА вест!

Познатиот фудбалер на Бетис, Луис Маркез, почина на 51-годишна возраст, соопшти шпанскиот клуб.

Овој понеделник ни дојде трагична вест од Шпанија, бидејќи Бетис преку социјалните мрежи објави дека на 51-годишна возраст почина Луис Маркез , еден од најдобрите фудбалери во историјата на клубот .

Според шпанските медиуми, Маркез починал по долга и тешка битка со ракот.

Маркез го носеше дресот на Бетис од 1989 до 2000 година и за тоа време забележа 202 настапи, додека 16 пати ја тресеше противничката мрежа.