ФОТО | ЗА ДЕМИ МУР ГОДИНИТЕ СЕ САМО БРОЈ – Познатата актерка и на 60 години изгледа како тинејџерка, обожавателите во ‘транс’ од нејзината последна објава: “Што и да прави, изгледа неверојатно!“

Деми Мур деновиве ужива на крстарење по Медитеранот со луксузна јахта на нејзините пријатели, а папараците ја уловиле актерката на грчкиот брег. Таа продефилирала на јахтата во модерно, зелено бикини кое покажа дека и на 60 години може да се пофали со витка линија и одлична фигура. 

Деми Мур, која неодамна стана и баба – нејзината ќерка Румер се породи во април, навистина изгледа неверојатно.

Холивудската актерка нема вишок грам, а малкумина би претпоставиле дека оваа дама веќе зачекори во седмата деценија од животот. Фотографирана е без трошка шминка, а се чини дека нема некоја поголема разлика во однос на фотографиите на кои е целосно облечена.

Деми Мур
Деми Мур

Фотографиите на Деми Мур во костим за капење веднаш станаа вирални на социјалните мрежи, а на коментарите им нема крај. „Да, таа е остарена, но сепак изгледа одлично“, „Отсекогаш била жешка и се уште е“, „Како и сите постари жени, но сепак е шармантна и се држи“, „Што и да прави, изгледа неверојатно“, „Одлична е – фит и здрава, никој засекогаш не изгледа како да има 20 години, па ни таа“, „Посакувам сега да изгледав вака добро, а камоли на 60“, се само дел од комплиментите.

Инаку, убавата Деми Мур минатата година го лансираше својот бренд за костими за капење, а призна дека кога ја создала оваа колекција имала на ум да ги прекрши правилата за тоа што треба, а што не треба да носат жените по одредена возраст.

Не се дефинирам себеси со бројка, туку со моето искуство. Стигнувате до 59 и веќе размислувате: Па, наскоро ќе наполнам 60. Се чувствувам, на многу начини, пожива и поприсутна од кога било“, изјави Деми Мур.