ФОТО | ЗЛАТЕН КРЕВЕТ, САДО-МАЗО ИГРАЧКИ… – Овој човек е во брак со шест девојки, па на јавноста и ја сподели својата “љубовна палата“, а секој детал е вистинска еротика

Една жена сподели како е да се дели партнерот со уште пет жени, велејќи дека дури имаат распоред за секс. Луана Казаки (27 г.) се омажила за Артур О’Урс во 2015 година, а во годините што следеле, во нивното семејство се приклучиле уште неколку жени, од кои секоја се омажила за Артур О’Урс.

Луана Казаки, Артур О Урсо

Инфлуенсерот моментално е „оженет“ со Луана Казаки (27 г.), Емели Соуза (21г.), Валкирија Сантос (24 г.), Олинда Марија (51 г.), Дамијана (23 г.) и Аманда Албукерки (28 г.). А за да може сите да поминат „квалитетно“ време со 37-годишниот Артур О’Урс, сопругите дури смислиле и распоред за секс. Артур О’Урс сподели и фотографии од нивната „љубовна палата“ во која има вистински златен кревет, туш со топки, садо-мазо зандана и многу повеќе…

Иако нивната неконвенционална врска привлекува големо внимание и коментари во јавноста, Луана Казаки инсистира дека тоа повеќе и одговара отколку моногамијата.

Искрено кажано, пред него никогаш не сум била во толку слободна љубовна врска, тоа е ново искуство за мене“, вели Луана Казаки и продолжува: „Но, отсекогаш сакав да живеам поинаков облик на љубов од конвенционалната, бидејќи сите мои претходните врски беа моногамни и не функционираа. Другите пет сопруги ми се како пријателки, одлично се согласуваме, семејство сме“.

Луана Казаки, Артур О Урсо

Жените и Артур О’Урс дури воспоставиле распоред за секс за сите да привлечат внимание и да се чувствуваат сакани.

Многу добро се согласуваме затоа што веруваме во таа форма на љубов“, вели тој.

Многу важна работа меѓу сите сопруги и Артур О’Урс е дијалогот.

Секогаш се трудиме да зборуваме за се, за да нема недоразбирања. Нашиот распоред за секс ни функционира многу добро, но секако, не треба да се држиме до оваа рутина секој ден. Многу патуваме, па понекогаш ги забораваме деновите“, открива тој.

На почетокот беше малку комплицирано, но сега работиме добро“, вели тој.