ФОТО | “ИБРА, ТИ СИ МОЈ ПРИЈАТЕЛ!“ – Новак Ѓоковиќ направи вистинско шоу по историската победа! Упати моќна порака до сите млади, а поради Златан зборуваше и на српски јазик!

По победата и освојувањето на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ според многумина е најдобриот тенисер на сите времиња!

Србинот им се обрати на публиката и гледачите по победата во големото финале.

Новак Ѓоковиќ во три сета го совлада Каспер Руд и со тоа влезе во тениската историја.

По кревањето на пехарот, Новак Ѓоковиќ го кажа следново.

Ви благодарам за оваа посебна атмосфера. Ова е неверојатен момент, еден од најголемите во мојата кариера. Можеби случајно ја освоив 23-та титула токму во Париз. Овој турнир отсекогаш ми бил најтежок и затоа јас сум многу емотивен во моментов. Многу работи се случија на теренот и надвор од него. Ви благодарам, чест ми е што сум овде на овој посебен терен“, рекол Новак Ѓоковиќ на француски јазик.

Потоа Србинот му се обрати и на Каспер Руд на кого му честиташе за одличниот турнир и кажа дека сите на АТП турнејата го ценат и почитуваат со причина.

Во денешниот свет, тоа значи кога знаете дека некој има вистински човечки вредности. Вашиот тим, тренерите, сите се супер фини, вие навистина заслужувате почит. Жал ми е за резултатот денес. Ти си еден од најконстантните тенисери во последно време“, рекол Новак Ѓоковиќ.

Тогаш на теренот се случи интересна ситуација па Новак Ѓоковиќ го кажа следново:

Луѓе, не знам што да ви кажам. Знаете низ што минавме. Знаете колку можам да бидам напорен, ви благодарам за вашето трпение и толеранција. Можеби другите не знаат, но јас знам што сум. Ти направи се и навистина ценам што си моја карпа, моја поддршка, ти благодарам“, кажа Новак Ѓоковиќ додека Горан Иванишевиќ беше во кадарот.

Горан Иванишевиќ

Новак Ѓоковиќ им се обрати и на младите.

Моите деца се тука и секогаш се трудам да кажам нешто од што можат да имаат корист и да научат… Сакам да испратам порака до секој млад човек. Што и да бркаш… Имав седум години кога сонував дека би бил број еден, чувствувам дека имам моќ да ја креирам сопствената судбина. Заборавете на она што се случило во минатото, ако сакате подобра иднина земете ги работите во свои раце и создадете ја!“, вели Новак Ѓоковиќ во неговата моќна порака до младите.

На крајот им се заблагодари на спортистите кои го следеа во финалниот натпревар.

Жиро, Ибра, Мбапе, Том Брејди… Ви благодарам, се надевам дека уживавте, голема чест е да ги имаме овие неверојатни спортисти овде“.

Ибра, јас и ти се знаеме, ти си мој пријател“, кажа Новак Ѓоковиќ на српски јазик, а легендарниот фудбалер покажа срце со неговите раце.