НЕВЕРОЈАТНО – Овој фудбалер на само 23 години освои се што може да се освои! Сезона од соништата за младиот Аргентинец – ова досега го нема никој направено!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Хулијан Алварез (23 г.) освои се што можеше да се освои оваа сезона – ФА Купот, Премиер лигата, Лигата на шампионите и Светското првенство со Аргентина!

Аргентинецот на тој начин стана првиот играч во историјата кој освоил комплетирал тројната круна и репрезентативниот пехар во иста сезона! Посебно треба да се нагласи дека одигра огромна улога во освојувањето на сите трофеи кои ги набројавме.

Оваа сезона одигра 49 натпревари за Манчестер Сити и постигна 17 голови, тој е најдобар стрелец на тимот по неуморниот Ерлинг Халанд.

На Светското првенство во Катар постигна четири гола. По еден гол постигна против Полска и Австралија, а во полуфиналето против Хватска мрежата ја затресе два пати

Прекрасна сезона, неверојатна за мене. Не само поради титулите туку и затоа што се развив како играч и личност. Беше предизвик да се преселиш во друга земја, да играш поинаков фудбал… Ја завршивме сезоната освојувајќи се“ изјави тој за ESPN по големото финале во Лигата на шампионите.

Да потсетиме, Манчестер Сити во 2021 година го доведе Аргентинецот од Ривер Плата за 21 милион евра, а потоа го остави на позајмица во аргентинскиот клуб на уште една година. Хулијан Алварез има договор со англискиот клуб до 2028 година, а неговата моментална вредност се проценува на 50 милиони евра.