ФОТО | Играчите на Денвер приредиле забава, Јокиќ и неговата сопруга воодушевиле од изборот на костими
Тие глумеа пар од познат цртан филм
Иако е познат по тоа што не сака да се облекува во костими, српскиот кошаркар Никола Јокиќ им оддаде почит на соиграчите од Денвер за време на божиќната забава.
Јокиќ на забавата дошол со сопругата Наталија, а интересен бил и нивниот избор на костими – од филмот за деца на Дизни „Frozen“.
Наталија беше принцезата Ана, додека Јокиќ, логично, го глумеше Кристоф. За оние кои не се запознаени со овој филм, Кристоф и Ана се вљубена двојка.
Покрај Јокиќ, на забавата биле Деандре Џордан, Кристијан Браун, Арон Гордон, Џулијан Строутер и други.
За потсетување, Нагетс во понеделник навечер со своите навивачи ќе го прослават Божиќ, со оглед на тоа што во 20 часот и 30 минути ќе се сретнат со Голден Стејт.