ФОТО | И на 62-години изгледа фасцинантно! Лепа Брена се разладува од летните горештини со својот сопруг на јахта вредна шест милиони евра: Погледнете како изгледа најголемата ѕвезда на Балканот!

Една од најпознатите ѕвезди од поранешна ЈугославијаЛепа Брена, деновиве престојува во Црна Гора со нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ, каде што била забележана од папарацо-новинарите.

Балканската мега-ѕвезда одлучила да помине еден сончев ден на јахтата која чини неверојатни шест милиони евра! Од луксузот боли глава, а локацијата каде што престојуваат е посебна приказна.

Лепа Брена се соблекла во костим за капење, во кој го покажала своето се уште затегнато тело, а на главата имала капа за да се заштити од сонцето, како и црни очила за сонце. Беспрекорниот изглед омилената пејачка на многумина никого не остава рамнодушен, а велат дека никогаш не изгледала подобро од ова!

Лепа Брена

Инаку, јахтата има шест спални соби, а една од нив има дури и сопствена бања. Дека Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се грижат за секој детал говорат и брендираните крпи кои се во иста боја со плочките. Секако тука е и голема дневна соба, мермерна маса и огромен телевизор, пишуваат соседните медиуми.

Јасно е дека Лепа Брена знае да ужива во топлите денови, а на јахтата често се добредојдени гости, меѓу кои претежно има јавни личности.