ФОТО | ‘КАКОВ ЛУКСУЗ!’ – Новак Ѓоковиќ знае како да ужива – Србинот одмара на неговата јахта, а еве и кој му прави друштво!
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, по обврските на Вимблдон, со својата јахта вплови во пристаништето во Дубровник, каде што ужива со своето семејство.
Новак Ѓоковиќ претходно уживаше неколку дена во Црна Гора, а потоа ја промени дестинацијата.
На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како тој му помага на својот син Стефан да излезе од јахтата, а на многумина им е интересно што овој луксузен ‘ѕвер’ го нарекол по името на неговата ќерка Тара.
Новак Ѓоковиќ ќе има десет дена за одмор, пред да ги започне подготовките за американската турнеја, а во Синсинати го очекува првиот турнир кој започнува на 13. август.
Секако, врв на турнејата ќе биде УС Опен, кој започнува на 28. август, каде Новак Ѓоковиќ повторно има можност да ја освои својата 24. Грен Слем титула.