“ЦИА ЗНАЕШЕ СЕ!“ – Директорот на тајната разузнавачка служба на САД тврди: “Владимир Путин е апостол на одмаздата, би бил изненаден доколку Евгениј Пригожин остане неказнет!“

Вилијам Барнс, директор на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА), тврди дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да купи време додека смисли како да се справи со Евгениј Пригожин, првиот човек на групата Вагнер.

На Безбедносниот форум во Аспен, Вилијам Барнс даде свој преглед на настаните во Русија, наведувајќи дека рускиот претседател сака да му се одмазди на Евгениј Пригожин за обидот за бунт.

Сега сме сведоци на еден многу комплициран танц. Првиот човек на Вагнер се движи, тој беше во Белорусија во Минск, а неодамна беше во Русија, на средба со Владимир Путин, кој купува време додека смисли како да се справи со него. Вагнер останува вреден за руското раководство во места како Африка, Либија и Сирија, поради што Владимир Путин најверојатно ќе се обиде да ја одвои групата од нејзиниот лидер. Затоа Владимир Путин најверојатно ќе чека со одмазда“, рекол Вилијам Барнс, пренесува BBC.

Директорот на ЦИА изјавил дека – „Владимир Путин е некој што мисли дека одмаздата е јадење кое најдобро се служи ладно“.

Според моето искуство, Владимир Путин е ултимативен апостол на одмаздата, па би бил изненаден доколку Евгениј Пригожин избегне натамошна одмазда“, нагласил Вилијам Барнс.

Претходно овој месец американскиот претседател Џо Бајден посочи дека постои ризик првиот човек на Вагнер да биде мистериозно отруен.

Да сум на негово место, ќе внимавав што јадам. Би внимавал на моето мени“, изјави Џо Бајден.

Директорот на ЦИА има исто мислење како и претседателот на САД.

Да сум на местото на Евгениј Пригожин, немаше да го отпуштам мојот тестер за храна“, рекол Вилијам Барнс и посочи дека ЦИА имала информации за платеничкиот бунт во Русија.

Во американската разузнавачка агенција се убедени дека високиот генерал на руската армија Сергеј Суровикин однапред знаел за бунтот.

Вилијам Барнс вели дека Сергеј Суровикин нема целосна слобода на движење исто како Евгениј Пригожин.

Доколку Украина постигне понатамошен напредок на фронтот, тоа би можело да наведе повеќе Руси да обрнат внимание на критиките на Евгениј Пригожин за војната. Бунтот Вагнер беше најдиректниот напад што Владимир Путин го видел во 23-те години на власт. Оправдувањето на Кремљ за војната во Украина е изградено на лаги“, објаснил Вилијам Барнс.

Тој исто така изјавил дека постојат индиции дека Русија би можела да нападне цивилни бродови во Црното Море под лажно знаме, а потоа да ги обвини Украинците за тоа.