ФОТО | “КАКО ИГРАШЕ НОВАК ДЕНЕС ?“ – Александар Вучиќ се сретна со Срѓан Ѓоковиќ на саемот за вино во Белград, а нивниот разговор е хит

Новак Ѓоковиќ го победи Хуберт Хуркач на завршниот Мастерс во Торино, а токму тој натпревар и она што следува потоа беше тема на разговор на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан Ѓоковиќ.

Имено, по официјалното отворање на вториот саем за вино во Белград организиран од Отворен Балкан, Александар Вучиќ ги посети штандовите и по тој повод се сретна и со Срѓан Ѓоковиќ, чие семејство, меѓу другото, се занимава и со производство на вино.

Како играше Новак денеска ?“, го праша претседателот на Србија таткото на Новак Ѓоковиќ.

Па, се мачеше, но победи!“, одговори Срѓан Ѓоковиќ, додавајќи: „Важно е Србија да го освои Дејвис Купот следната недела“.

Александар Вучиќ, Срѓан Ѓоковиќ
Срѓан Ѓоковиќ и Александар Вучиќ

Претседателот на Србија ги пофали вината што ги произведува семејството на Новак Ѓоковиќ, а потоа разговорот го заврши со зборовите:

Упатете му честитки на Новак уште еднаш и поздравете го“, порача Александар Вучиќ.

Да потсетиме, и покрај победата над многу непријатниот Полјак, Новак Ѓоковиќ ќе се пласира само во полуфиналето доколку Јаник Синер со кој било резултат го совлада Холгер Руне.