ФОТО | Која е пејачката што се фотографираше со Златан Ибрахимовиќ во Белград ? Убавата бринета е синоним за забава, а не и се непознати скандалите!

Златан Ибрахимовиќ неодамна се прости од фудбалската кариера, а според неговите објави, тој се решил да си даде малку здив и се забавува по белградските клубови. 

Многумина се воодушевиле кога ја виделе фудбалската легенда која често сака да ја посетува Србија и побрзале да се сликаат со него, а на една од фотографиите што се појавија на социјалните мрежи се гледа Златан Ибрахимовиќ во прегратка на згодна бринета. Додуша, многу луѓе се прашуваа која е оваа убавица.

Станува збор за пејачката Ивана Бојановиќ, која е позната по тоа што создава одлична атмосфера во белградските клубови и сплавови, а Златан Ибрахимовиќ навистина уживал во нејзиното друштво. Ивана Ива Бојановиќ е позната и по тоа што пред неколку години наводно го обвини пејачот Ќема дека ја тепал, но никогаш повеќе не се изјаснила на оваа тема.

Многумина во коментарите се пошегуваа дека Златан Ибрахимовиќ поради оваа фотографија ќе има проблеми со сопругата Хелена со која е заедно од 2002 година и заедно добија два сина. Тие го добија својот прв син Максимилијан во 2006 година, две години подоцна добија уште еден син – Винсент

Погледнете ја фотографијата ОВДЕ.