Љубовната приказна на Јулија и Алексеј Навални започнала во 1999 година откако се заљубиле на прв поглед и траела до последниот ден од неговиот живот.
Најсилниот руски опозициски политичар Алексеј Навални почина на 47-годишна возраст во затвор на северот на Русија, а до последниот ден од неговиот живот најголема поддршка му биле децата и сопругата Јулија Навални.
Јулија често се појавуваше во јавноста со Алексеј и не криеше колку го сака, а откако пред четири години ненадејно му се слоши на лет од Сибир, поради што заврши во болница во Омск, таа веднаш отиде кај него штом ја слушна веста..
Алексеј потоа бил пренесен во Германија на 20 август 2020 година, каде што неговите нови наоди покажаа дека тој бил отруен, а таа била со него цело време додека тој се лекувал.
Двојката ја започна својата врска во 1999 година откако се заљуби на прв поглед додека била на одмор во Турција, а неколку години подоцна се венчале.
Со него се појавуваше на многу протести, не го остави ниту откако неколку пати беше апсен. Во нивниот брак, тие ја добија ќерката Дарија, која студирала на Универзитетот Стенфорд и синот Захар, кој посетува државно училиште во Москва.
Јулија беше главната ѕвезда на 95-тото доделување на Оскарите што се одржаа минатата година, каде на документарниот филм „Навални“ му беше доделена таа престижна награда во категоријата најдобар документарен филм. Таму се појави во придружба на Дарија и Захар, како и членови на филмската екипа.
Освен што привлече внимание со својата убавина, дополнително внимание привлече и со својот говор и јавна осуда на Москва за инвазијата на Украина и обидот за атентат врз нејзиниот сопруг во 2020 година.