ЦУК: Шумски пожар над село Палиград на планината Китка

Преку Единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи 112 доцна попладнето е добиена пријава за шумски пожар во близина на место викано „Преслап“ над село Палиград на планинатата Китка,  информира Регионалниот Центар за управување со кризи Скопје. 

Од Центарот за управување со кризи соопштуваат дека веднаш се известени ЈП „Национални Шуми“- подружница „Караџица“ и оти се очекува ноќеска ниските температури да го намалат пожарот или да се самоизгасне.

Истиот пожар околу 18.30 часот го пријавиле и неколку велосипедисти кои преноќуваат во објект на планината Китка, а според  информации од нив, како што соопштува ЦУК, местото зафатено со пожарот е со нискостеблеста сува вегетација.

-ЦУК ја следи ситуацијата преку дежурните во Секторот Е 112 и во Секторот за операции и координација, посочуваат од ЦУК и најавуваат повеќе детали во утринската информација.л