ФОТО | Леонардо ди Каприо повторно ‘улови’ нова 25-годишна убавица! Познатиот актер фатен како се забавува со италјанската манекенка која пред два месеци се разведе од сопругот…

Познатиот актер познат по своите помлади љубовнички, Леонардо ди Каприо, беше уловен од папараците како ужива со сладолед во рака во Санта Барбара на средба со 25-годишната италијанска манекенка Виторија Серети, само два месеци откако таа потврди дека се разделува од нејзиниот сопруг Матео Милери.

слика
Леонардо ди Каприо и Виторија Серети

Како што може да претпоставите, 48-годишниот оскаровец е 23 години постар од младата манекенка, која најверојатно ја запознал во мај на Канскиот филмски фестивал. Инаку, Виторија Серети е пријателка со „блиската пријателка“ на Леонардо ди КаприоЏиџи Хадид , како и со моделите Нилам Каур Гил и Меган Рош.

Жешката манекенка била видена во црна маица, шорцеви и сиви тренерки, додека Леонардо ди Каприо, се обидел да се сокрие под медицинска маска, а исто така се одлучи за едноставна комбинација од бела маичка, кафени шорцеви со врвки и сиви тренерки. Само неколку месеци претходно, атрактивната Викторија Серети потврди дека „пријателски се разделила“ од 35-годишниот Матео Милери.

слика
Леонардо ди Каприо и Виторија Серети

Не е јасно кога точно Леонардо ди Каприо ја запознал Виторија Серети, но тие беа видени заедно во Франција кон крајот на мај, токму кога неговиот филм „Killers of the Flower Moon“ беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал.