ФОТО | Мажот и ја испратил оваа фотографија на својата сопруга, а со тоа направил фатална грешка – трогателна исповед на изневерена жена стана ‘хит’ на Интернет!

Се чини дека социјалната мрежа Тик Ток се повеќе станува платформа каде луѓето чувствуваат потреба да ги откријат своите трауматски или бизарни искуства, па секој ден сме сведоци на најнеобичните исповеди на изневерени жени.

За едно видео од тој тип се пишува долго време – го погледнале милиони луѓе, а во него Американка и раскажува на јавноста како дознала дека нејзиниот сопруг ја изневерува.

Имено, нејзиниот сопруг и рекол дека оди во казино и дека ќе преноќи во блискиот хотел. Тој дури и испратил фотографии од бањата во хотелот за да ги поткрепи своите тврдења, но тоа била фатална грешка.

измама

Благодарение на тие навидум безопасни фотографии, оваа русокоса сфатила дека е изневерена, а тој е во хотелската соба со друга жена.

Мојот сопруг ми испраќаше фотографии од него во казиното, но забележав некои чудни детали и сега тој е слободен. Дали гледате за што се работи ?“, ги прашала другите корисници на социјалната мрежа и ги прикачила спорните фотографии.

Ако внимателно ја погледнете фотографијата, ќе забележите дека во бањата покрај мијалникот има пегла за коса и чешел, што секако не е дел од асортиманот на хотелот. Исто така, човекот на фотографиите не носи бурма.

Овој сопруг очигледно не размислувал премногу, па не е ни чудо што набрзо после ова станал бивш.