ФОТО | Еден од најпознатите холивудски актери пристигна на Балканот и веднаш го проба овој прекрасен балкански специјалитет – погледнете!

Познатиот американски актер и режисер Мел Гибсон пристигна во Сараево, а веднаш по неговото пристигнување отиде на познато место – во популарен ресторан за ќебапи со врвен квалитет.

Ресторанот се огласи на социјалната мрежа Инстаграм каде сподели фотографија со Мел Гибсон и работниците, а во описот ја откри и причината за посетата.

Во друштво на најголемата фаца на Холивуд. Преговори за снимање на акционен сет со нас, а Сејо игра споредна улога. Ние останатите сме сепак статисти и акробати“, напишале тие во описот на фотографијата.

Погледнете ја фотографијата ОВДЕ.

Актерот дошол во ресторанот сосема лежерно облечен во црна тренерка, а вниманието го привлекле неговата запуштена коса и брада.

Затоа на прв поглед изгледал целосно непрепознатливо, па некои не ни веруваат дека тоа е тој, но сопругата на Сеја Брајловиќ во коментарите потврди дека навистина се работи за актерот.