ФОТО | МАКЕДОНЦИ ВНИМАВАЈТЕ – Српските туристи кои летуваат во Грција во големи проблеми – масовно се крадат автомобили: “Знаеме кои го прави тоа!“
Српските туристи – и не само тие – кои летуваат во Грција се соочени со прилично непријатен проблем: чести кршења на автомобили и кражби.
Во Фејсбук групата „Грчка инфо“ апел објави Србинот Филип А., кој ги известил членовите за кражба на автомобил од познатото грчко одморалиште Пефкохори и побарал од оние кои ќе го видат автомобилот да пријават.
„Автомобилот на моите пријатели беше украден во Грција пред нивната куќа во Пефкохори. Пристигнаа вечерта, сабајле го немаше. Пријавено во полиција, се уште никој не излегол на терен. Се работи за бела Toyota Rav 4, српски таблички. Ако некој види или забележи, би бил благодарен ако може да пријави овде“, напишало ова лице во објавата.
Во петокот уште едно семејство од Србија доживеало непријатно искуство додека се враќало од летниот одмор. Имено, на враќање застанале кај Солун, каде што им бил украден автомобилот со сите работи пред познат трговски центар, се вели во друга објава на групата „Грчка инфо“.
„Сакам да предупредам и во исто време да побарам помош. Во вторникот со сопругата и децата се враќав во Србија, а на паркингот на продавницата ‘Џамбо‘ во Солун ни ја украдоа колата со сите работи внатре. Автомобилот е KIA Sportage, регистриран во Крагуевац. Пријавено е во полиција, но сепак ништо. Секоја информација многу ќе ни помогне“, напишала жена по име Јелена.
Недолго по оваа објава се огласил уште еден српски државјанин, чиј автомобил бил ограбен на една од плажите на Касандра.
„Здраво на сите, внимавајте на вашите автомобили, прозорецот е скршен, автомобилот е Kia Sportage во Палиури“, стои во објавата.
Српскиот портал Blic.rs телефонски разговарал со локални жители, кои велат дека најверојатно се работи за мафија од Бугарија која во летните месеци работи во Грција.