(ФОТО) МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ ВО ВЕНЧАНИЦА: Вака изгледа пејачката во фустан до подот: „Реков ДА“

Пејачката Марија Шерифовиќ неодамна со помош на сурогат мајка го доби синот Марио, а сега го користи секој момент да помине време со бебето.

Таа редовно се рекламира на социјалните мрежи, а со своите следбеници споделува фотографии и видеа од семејниот дом.

Марија е позната и по добрата смисла за хумор, па безброј пати ги насмеа следбениците со разни шеги на своја сметка.

Сепак, многумина сметаат дека таа се надминала себеси кога споделила фотографија во венчаница. Имено, Марија во една прилика ја облече венчаницата, се сликаше во огледало и заедно со неа напиша кратка белешка: „Реков да“.

Инаку, Марија има голема помош од нејзината мајка Верица кога е во прашање воспитувањето на малиот Марио.

– На почетокот бевме само јас и Верица, бидејќи донесов одлука едноставно да го поминувам целото слободно време со него, што секако значи дека одвреме-навреме ќе доаѓа некоја друга помош кога ќе треба да си ја работам работата – рекла таа.