ФОТО | Марта Стјуарт на 81-годишна возраст се најде на насловна страна на познат магазин: Во бикини го покажа телото од ‘милион долари’, а ја открива и тајната на успехот
Марта Стјуарт (81 г.) е американска бизнисменка, писателка, готвачка, телевизиска личност, поранешен модел итн…
Таа на 81-годишна возраст се појави на насловната страница на најновото издание на магазинот Sports Illustrated, соборувајќи го рекордот како најстар модел кој некогаш се нашол на насловна страница.
Марта Стјуарт, неодамна во емисијата „Today“ ги откри своите тајни подготовки за снимање и малите трикови кои придонесуваат за нејзиниот изглед, кој со децении го привлекува вниманието на медиумите и ја интересира светската јавност.
„Никогаш нема да гладувам, но ги исклучив лебот и тестенините од исхраната неколку месеци“, кажала Марта Стјуарт за време на гостувањето во емисијата „Today“ и додала: „Порано одев на пилатес секој втор ден и тоа ми даде одлични резултати. Сè уште редовно правам пилатес бидејќи е навистина фантастичен. Само живеам здрав и дисциплиниран живот – добрата исхрана, вежбањето и негата на кожата се клучните фактори.”
Ова сензационално појавување на насловната страница повторно ја стави Марта Стјуарт во центарот на вниманието, бидејќи таа продолжува да ја интригира публиката ширум светот со својот инспиративен изглед и завидната виталност уште во осумдесеттите години од животот.
Марта Стјуарт е благодарна и на генетиката за нејзиниот одличен изглед, посочувајќи дека нејзината мајка секогаш носела само бикини на плажа. Зборувајќи за својата рутина, таа открила дека секое утро пие сок од зелен зеленчук.
„Мислам дека сите треба да размислуваме за добар живот, за успешен живот, а не за стареење. Сè во врска со стареењето е толку досадно, знаете на што мислам“, кажала Марта Стјуарт, која тврди дека не направила ниту една пластична операција во животот.