ФОТО | Милион луѓе протестираа против Владата во Полска на улиците на Варшава: “Ништо не може да ја спречи оваа сила!“

Околу милион луѓе се собраа во неделата во Варшава на протест на либералната опозиција против политиката на националистичката владејачка партија Право и правда (ПиС), проценуваат градските власти.

Околу милион луѓе“, соопштија од кабинетот на градоначалникот, протестираа против владејачката ПиС на покана на опозицијата во центарот на полската престолнина, 15 дена пред изборите.

Медиумската агенција PAP, повикувајќи се на полициски информации, објави дека се собрале околу 100.000 луѓе.

Ова е апсолутно најголемиот собир во историјата на Варшава“, изјави портпаролката на кабинетот на градоначалникот, Моника Беут.

Тесно спакувани, учесниците маршираа носејќи транспаренти на кои пишуваше „Доста ни е, сакаме промени“ и „Заедно имаме сила“.

слика
слика

Ништо не може да ја спречи оваа сила“, порача поранешниот премиер Доналд Туск и додаде: „Никој во редовите на власта да нема илузии, оваа промена е неизбежна“.

Две недели пред парламентарните избори во Полска, најголемиот опозициски сојуз во земјата – Граѓанската коалиција на Доналд Туск – ги покани своите поддржувачи да излезат на улиците на главниот град Варшава на „Маршот на милиони срца“.

И левото крило Левица ги поддржува протестите.

слика

Полјаците се ќе излезат на избори на 15. октомври. Во сите претходни истражувања, ПиС, која е на власт од 2015 година, води со очигледна предност.

Според истражувањето на Институтот „Ибрис“ на 27. септември, се предвидува дека владејачката партија ќе добие 35,1 отсто од гласовите и може да се надева на трет мандат.