ФОТО | “МОМЦИ ЗНАМ ДЕКА ОВА ГО ЧЕКАВТЕ!“ – Поранешната шампионка на Вимблдон ги зголеми градите и отвори свој профил на платформа за возрасни – обожавателите во ‘транс’!
Поранешната јуниорска победничка на Вимблдон, Софија Жук, реши да отвори свој профил на платформата за возрасни OnlyFans. Таа им го соопшти тоа на своите обожаватели со следните зборови:
„Момци, конечно дојде моментот што сите го чекавте. Ќе има многу интересен материјал“, рекла атрактивната Русинка и додала дека обожавателите не треба да очекуваат нејзини целосно голи фотографии.
Убавата Софија Жук има 23 години, а по повлекувањето од тенисот во 2020 година поради чести повреди, реши да гради кариера како модел.
Својот последен професионален натпревар го одигра во 2019 година на Вимблдон, по што се повлече.
Во последните 10 години таа беше една од најталентираните тенисерки кои исто така се стекнаа со тениски вештини во академијата на познатата Жастин Хенин. Набрзо следеа успеси кои најавуваа блескава кариера. На 14-годишна возраст ја освои својата прва ИТФ титула, на 15-годишна беше јуниорска победничка на Вимблдон, па тенискиот свет почна да ја споредува со Марија Шарапова.
За жал, повредите и оневозможија да стигне до кариерата на популарната Маша, но поради нејзиниот атрактивен изглед и се отвори вратата на манекенството.
Таа моментално живее во Мајами, каде неодамна ги зголеми градите. Таа призна дека со овој потег добила поголема самодоверба, а сега ќе ги израдува своите фанови со провокативна содржина и ќе заработи екстра пари.