ФОТО | МОНСТРУОЗНО! Терористите на Хамас убиле старица, ја фотографирале и ја објавиле на Фејсбук – нејзината внука сведок на настанот: “Ова е најголемиот кошмар во мојот живот…“

Баба од Израел била убиена од терористите на Хамас, кои ја фотографирале грозоморната сцена со нејзиниот телефон, а потоа ги објавиле фотографиите на нејзиниот профил на социјаланта межа Фејсбук, соопшти нејзиното семејство, пренесуваат странските медиуми.

Нејзината внука Море Бадер кажала дека дознала за трагедијата кога отишла на Фејсбук, каде што видела ужасна објава околу 7 часот наутро на 8. октомври, за која вели дека е „најголемиот кошмар“ во нејзиниот живот.

Во објава на Фејсбук, Море Бадер и оддаде почит на нејзината баба и го опиша грозоморниот начин на кој била убиена.

Столбот на мојот живот, во животот на моето семејство. Мојата баба, која цел живот живееше во Кибуц Нир Оз, беше убиена од терористи во брутално убиство во нејзината куќа“, напишала Море Бадер во објава.

Мор Бајдер

Море Бадер додаде дека во 7 часот наутро го видела кошмарот на нејзиниот живот.

Терористите влегле во нејзината куќа, ја убиле, и го зеле телефонот, го снимиле хоророт и го објавиле на нејзиниот Фејсбук. Така дознавме“, напишала внуката.

Море Бадер додава дека нејзината баба живеела во близина на границата со Појасот Газа и дека била навикната на звукот на сирените.

Кога Хамас ја нападна израелската територија, внуките и се јавиле на нивната баба да видат како е.

Ни кажа дека е добро“, додала друга внука Ади Бајдер.

Меѓутоа, малку подоцна престанала да одговара на повиците.

Мор Бајдер

Според последните податоци, во нападот на Хамас загинале 900 Израелци, а најмалку 2.600 биле повредени, а десетици луѓе биле земени како заложници.

Министерството за здравство на Појасот Газа соопшти дека повеќе од 500 Палестинци биле убиени, додека повеќе од 3.700 биле ранети.