Христијан Мицкоски: “ВМРО-ДПМНЕ како идна Влада има намера децентрализира до 250 милиони евра годишно од централниот буџет за капитални инвестиции во општините“

ВМРО ДПМНЕ како идна влада има намера да децентрализира до 250 милиони евра годишно од централниот буџет за капитални инвестиции во општините. Кога зборувам да децентрализира тоа е надвор од буџетот кој што си го имаат самите општини. За општина Ново Село во еден мандат се предвидени минимум 4 милиони евра, проекти кои што ќе бидат реализирани, дел од тие проекти ги детерминиравме и определивме заедно со градоначалникот, со членовите на Советот, со советниците и очекувам дел од проектите да произлезат од денешните средби кои што се дел од оваа акција, порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на општина Ново Село во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Според него, би требало да се реализираат повеќе проекти, како што се пешачка патека којашто е во должина од 5 километри, која што ќе биде практично од Ново Село до Мокриево, потоа реконструкција на патниот правец од клучката кај Сушица па се до Зубово, реконструкција на водоводната мрежа и филтер станицата во населено место Колешино, потоа улици во должина од 2 километра во населено место Сушица и реконструкција на водоводната мрежа во селото Мокриево.

Сето ова е дел од повеќе проекти кои што ќе бидат реализирани во самата општина Ново Село, а ќе бидат финансирани од централниот буџет, ќе повторам тоа се проекти кои што ќе обезбедат средства надвор од оној буџет кој што го има самата општина“, истакна Христијан Мицкоски.

Додаде дека власта кон оние општини каде ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници проектите не се реализираат како што треба и дека власта мисли дека на тој начин ги казнува граѓаните кои на последните локални избори гласале за оваа партија.

Се одземаат ингеренции во образованието, во градинките и така натаму, но сето тоа претставува мотив повеќе да за неколку месеци од денеска, тоа е добрата вест, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, на краток рок надомести сето она кое што оваа влада на ДУИ, би рекол, поддржана од СДСМ, практично, врши тортура и притисок врз населението кое што се наоѓа во општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ“, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во изјавата за медиумите од селото Борисово, општина Ново Село, каде Христијан Мицкоски беше на увид на градежни работи на изградба на нова улица, посочи дека целта на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“ заедно со граѓаните е да ги ги утврдат приоритетите кои што треба да бидат дел од идната изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и преку директен контакт во разговори со граѓаните да видат што е тоа што акутно е потребно веднаш да се интервенира, а што е она кое што има можности етапно да се реализира, бидејќи партијата имала за цел тоа што ќе се вети да го исполни со прецизни рокови.