ФОТО | НАМЕСТО ДЕБАТА И РЕПЛИКИ – ПОЖАР! Погледнете ги сцените од најлудиот парламент во Европа

Пратениците од опозициската Демократска партија на Албанија во понеделникот фрлија димни бомби во парламентот и предизвикаа мал пожар кој брзо беше изгаснат, како дел од неуспешниот обид да се спречи гласањето за Буџетот за 2024 година.

Пратениците наредија столчиња во центарот на салата, а потоа црвен, зелен и виолетов чад ја исполни просторијата додека обезбедувањето ги држеше демонстрантите подалеку од местото каде што седеше премиерот Еди Рама.

Се чини дека еден пратеник предизвикал мал пожар што пратениците брзо го изгаснале.

Лидерот на Демократската партија на Албанија и поранешен премиер, Сали Бериша, ја обвини Владата дека се обидува да ја замолчи опозицијата во парламентот, каде Социјалистичката партија на Албанија на чело со Еди Рама има мнозинство.

Борбата продолжува“, изјави Сали Бериша на новинарите по инцидентот и додаде: „Нашата цел е да внесеме плурализам во парламентот“.

Минатиот месец истражителите ги обвинија Сали Бериша и неговиот зет за корупција поврзана со купување и продажба на терени и објекти за спортски клубови. Тие го обвинија дека го злоупотребил своето влијание како премиер од 2005 до 2009 година за да стави крај на процесот на приватизација во корист на другите, вклучувајќи го и сопругот на неговата ќерка.

Неговиот зет е уапсен, а Сали Бериша има пратенички имунитет, но не смее да ја напушти државата.

Сали Бериша го обвинува Еди Рама дека го организирал прогонот против него, што премиерот на Албанија го негира.

слика
слика