ФОТО | НАУЧНИЦИТЕ ВО ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ !? Во Ерусалим пронајдени мистериозни градби стари 2800 години: “Никогаш не сме виделе вакво нешто…“

Две уникатни антички градби пронајдени во Ерусалим, чија цел останува мистерија, ги збунуваат експертите, објави Израелската управа за антиквитети (ИУА).

Неодамна е откриена мрежа на канали врежани во карпа за која се верува дека е стара речиси 3.000 години. Ова се првите инсталации од овој вид откриени во Израел, соопшти ИУА.

Овие градби биле користени во времето кога се смета дека постоел првиот храм во градот.

Централната положба на каналот во близина на местото каде што се наоѓале храмот и кралската палата во ерата на древните јудејски кралеви укажува дека овие инсталации биле некако поврзани со економијата на важните институции, пишува Newsweek.

Ископувањата на Израелската управа за антиквитети и Универзитетот во Тел Авив во националниот парк „Град Дејвид“ досега открија две инсталации оддалечени околу девет метри, кои можеби биле дел од една голема инсталација.

слика

Мистеријата само се зголеми кога на југ најдовме друга инсталација“, изјавил Јувал Гадот од Катедрата за археологија и антички блискоисточни цивилизации на Универзитетот во Тел Авив.

Археолошкиот локалитет повеќето научници го сметаат за место на првобитната населба во Ерусалим.

Кога ја погледнавме инсталацијата, сфативме дека налетавме на нешто уникатно, но бидејќи никогаш не сме виделе ваква структура во Израел, не знаевме како да ја протолкуваме“, вели вишиот истражувач во ИУА, Јифтах Шалев, додавајќи дека дури и датумот е нејасен.

Доведовме голем број експерти за да видиме дали има остатоци во почвата или карпите кои не се видливи со голо око и да ни помогнат да разбереме што течело или стоело во овие канали. Сакавме да провериме дали има органски остатоци или траги од крв, па дури побаравме помош од полициската форензичка единица и нивните колеги ширум светот, но досега тоа не е успешно“, објаснува Јифтах Шалев.

И покрај некои разлики во начинот на кој се издлабени и проектирани двата канали, јасно е дека и двата се доста слични“, додава тој.

Истражувачите успеале да го утврдат времето кога инсталациите излегле од употреба, што било на крајот на 9 век п.н.е., во времето на библиските јудејски кралеви Јоас и Амазија.

Се претпоставува дека двете инсталации биле изградени неколку децении порано.

Иако се уште не е целосно јасно која е целта на овие инсталации, можно е тие да се користеле за натопување на некој вид производ, а не за испуштање течности“, вели Јифтах Шалев.

Производството на лен, на пример, бара долго натопување на ленот за да омекне. Друга можност е дека каналите содржеле палми од урми кои биле оставени да се загреат од сонцето за да се добие еден вид мед од урма, како инсталациите откриени на места како Оман, Бахреин и Иран“, додава Јифтах Шалев.

Археолозите наскоро ќе земат дополнителни примероци од почвата за да се обидат уште еднаш да ја откријат оваа мистерија.

слика