ФОТО | НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ КРУЖАТ ЗАСТРАШУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ И СНИМКИ – Погледнете како оваа група на студенти се сокриле од напаѓачот во Прага
Во големиот напад на Универзитетот во строгиот центар на Прага има неколку мртви и повеќе повредени на лице место, а на социјалните мрежи се појави фотографија од студенти кои се кријат на покривот од зградата од напаѓачот.
Исто така, на социјалните мрежи се појавија фотографии од студенти и случајни минувачи кои се обиделе да се сокријат од нападот и не го бирале местото каде ќе биде тоа.
Токму таква е ситуацијата со студентите кои успеале да се сокријат на покривот на зградата на Универзитетот за да се заштитат од нападот.
На социјалната мрежа Х (Твитер) се појави фотографија од наводниот напаѓач кој го изврши денешниот масакр, кој подоцна беше елиминиран.
Спасувачката служба соопшти дека на лице место излегле голем број екипи, како и специјалното возило кое се користи во масовни катастрофи.
„На лице место веројатно има повеќе повредени. Се уште немаме информации за видот и бројот на повредени“, соопштуваат спасувачите.
Според медиумската агенција Aktu.cz, напаѓачот најверојатно користел долго оружје со оптика.
Портпаролката на Универзитетот „Чарлс“ потврди дека инцидентот се случувал во нивиот објект.