ФОТО | НЕВЕРОЈАТНО – Оваа жена има 74 години, а тело како на 18-годишна девојка! Луѓето си ги ‘тријат очите’ кога ќе ја видат, а таа строго се држи само до едно правило

Норма Вилијамс (74 г.) е модел и е многу горда на својот изглед. Според неа, луѓето често ја запираат и учтиво ја прашуваат колку години има. Таа изгледа како 20-годишна девојка и тоа секојдневно го докажува со објави на социјалната мрежа Инстаграм и другите социјални платформи. Но, она што на Норма Вилијамс и е уште поважно од изгледот е тоа што сега има повеќе енергија отколку во тинејџерските години.

Норма Вилијамс, која сега живее во Италија, вели дека нејзиното здравје се подобрило во овие години од животот, се затоа што сфатила една важна работа:

Кога имав 20-тина години, секогаш јадев чоколадни плочки пред спиење, јадев бисквити и бел леб речиси секој ден. Се чувствував многу лошо, немав доволно енергија“, открива таа во објави на социјалните мрежи.

Во последните 50 години се се смени, а тоа е само затоа што сфатив дека морам да си забранам чоколадо и бело брашно. Кога сум гладна, секогаш правам здрави избори на храна: риба, месо, јаткасти плодови, зеленчук, јогурт без шеќер, мед и овошје“, изјавила Норма Вилијамс во интервју за магазинот Mirror. Сепак, тајната на нејзиниот изглед не е само здравата исхрана.

Норма Вилијамс стана еден вид фанатик кога станува збор за вежбањето. Таа вели дека секој ден пешачи и до девет километри и дека секој ден се истегнува:

Додека правам чај правам 20 чучнувања, уште 10 кога служам чај на маса, потоа додека се облекувам правам истегнувања и слично. Тренингот со тегови стана мој секојдневен избор“, открила таа.

Ако сте почетник, побарајте лесни вежби на Интернет, а потоа држете се до тие вежби секој ден“, советува оваа 74-годишна жена.

ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА ТАА ОВДЕ.