ФОТО | НЕМА КРАЈ НА ПРОБЛЕМИТЕ ЗА СЛАВНИОТ НЕЈМАР – Бразилецот се огласи на Инстаграм со ужасни вести: “Тажен ден, обид за киднапирање и смрт на…“

Како гром од ведро небо протече веста дека група разбојници се обиделе да ја киднапираат ќерката и, според бразилските медиуми веќе поранешната девојката на Нејмар, Бруна Бјанкарди.

Имено, тој обид за киднапирање се случил во Котија во вторникот, во државата Сао Паоло. Родителите на Бруна Бјанкарди биле на лице место во моментот на нападот на домот и биле врзани, но не биле повредени.

Нејмар и Бруна Бјанкарди

Покрај тој ужас, Нејмар денес доживеа и смрт на блиска пријателка, што дополнително го погоди и вознемири.

Поради ова тој на социјалната мрежа Инстаграм објави дека му е драго што со родителите на Бруна Бјанкарди е се во ред, но дека му е многу тешко поради смртта на неговата пријателка Луана.

Тажен ден, добив две лоши вести. Првата беше нападот што го доживеаја родителите на Бруна, но благодарам на Бог се беше во ред. Второ, дознав за смртта на една пријателка, Господ да ја пречека Луана со раширени раце. Сочувство до целото нејзино семејство“, напиша Нејмар.