ФОТО | Нејмар се појави на роденденот на Ромариo, многумина го коментираат физичкиот изглед на славниот фудбалер

Бразилската суперѕвезда Нејмар присуствуваше на 58-от роденден на поранешниот бразилски репрезентативец Ромарио, кој се одржа минатата сабота.

Интернет корисниците многу брзо ги споделија неговите фотографии од споменатата забава, каде се прашуваат дали луксузниот живот во Саудиска Арабија влијаел на тоа славниот Бразилец да се здебели.

Објавено е видео на кое Нејмар се појавува со Ромарија, а покрај коментарите дека е предебел, многумина сметаат дека аголот на фотографирањето и густата облека оставиле лажен впечаток дека се здебелил.

Да потсетиме, Нејмар моментално се опоравува од повредата на вкрстените лигаменти, која ќе го оддалечи од терените до крајот на оваа сезона.

Неговото враќање на терените не е планирано до септември оваа година, а поради физичката состојба ќе го пропушти Копа Америка.

Пред Ал Хилал играше и за Пари Сен Жермен, Барселона и родниот Сантос каде ја започна својата професионална кариера.