ФОТО | “НЕ ЗНАЕВ КОГО ВОЗАМ, МЕ ИСКОРИСТИ“ – Превозникот на Љупчо Палевски немал поим што направил Палчо
Стефан Димковски, човекот кој го возел убиецот Љупчо Палевски – Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, негира дека во тој момент знаел дека во неговиот автомобил има лице осомничено за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.
Тој во полиција тврдел дека за вмешаноста на Палчо во убиствата дознал на 3. декември – датумот кога Министерството за внатрешни работи објави дека се убиени Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и информацијата дека Љупчо Палевски е организатор и спроведувач на овој грозоморен чин.
Превозникот на Љупчо Палевски на социјалните мрежи сподели и фотографија од Турција која беше објавена на 3. декември, но претпладне. Ова укажува дека Љупчо Палевски веќе бил во Турција кога јавноста и институциите започнаа да го бараат, а МВР цело време го следеле.
На одредената мерка притвор се пожалил уапсениот Стефан Димковски. Реагирал и кога бил запрен на граница, а возилото му било одземено, додека под полициска придружба бил однесен во станица, а потоа во Скопје. На полицијата и раскажал се – го опишал секој момент поминат со Палчо – лицето кое институциите го посочија како креатор, организатор и спроведувач на убиствата.
На социјалните мрежи кружи и фотографија од возачот и Палчо, односно фотографија од Турција каде превозникот на убиецот се пофаил на социјалните мрежи каде се наоѓа.

Помошникот на Љупчо Палевски возел бел џип „Range Rover“ („Ренџ Ровер“). Осомничениот го превезол преку граничните премини во Република Бугарија, влегувајќи во Бугарија кај граничниотн премин Калотина и излегол на граничниот премин Капитан Андреево (кон Република Турција). Нему му е одредена мерка притвор од 48 часа.
Засега е познато и дека Палчо од Македонија заминал во Белград со својот адвокат, кој во медиумите сподели дека откако дознал дека е осомничен за две убиства, му напишал порака да се врати и да даде изјава.