ФОТО | “НЕ СЕ МЕНУВА!“ – И во петтата деценија од животот продолжува да воодушевува! Познатата актерка го ‘запали’ Кан – сите зумираат во проѕирниот фустан, погледнете!

Ева Лонгорија воодушеви со фустанот во Кан!

Ева Лонгорија (48 г.) се појави на црвениот тепих во Кан. Таа носеше фустан за кој многумина се запрашаа дали е проѕирен. За оваа креација е одговорен дизајнерот Ели Сааб. Станува збор за фустан со боја на кожа кој изгледа како да го „нема“, па актерката ги фасцинираше обожавателите и присутните,

Актерката изгледот го комплентирала со едноставна шминка и соодветен накит. Таа присуствуваше на премиерата на филмот „The Old Oak“. 

Мислам дека имав толку многу да докажам и навистина го прифатив предизвикот во секој поглед“, изјавила таа за нејзината вклученост во филмот.

Ева Лонгорија

За разлика од многу познати личности, актерката нема проблем да се појави во јавноста без шминка. Луѓето ширум светот го фалат нејзиниот изглед, истакнувајќи дека изгледа на половина од нејзината возраст. Судејќи по коментарите на Интернет, нема дилема дека и овој пат таа постигна полн погодок со нејзиниот изглед.

„Најубавата жена“, „Секогаш елегантна, вистинска дама“, „Единствената што знае да ја претстави убавината“, „Браво Ева, културна, а сепак провокативна“, се само дел од коментарите оставени под нејзините фотографии. 

Да потсетиме, Ева Лонгорија напорно тренира и се грижи за своето лице и тело, а лавина од коментари секогаш предизвикува со нејзините фотографии во костим за капење.